mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Санирано свлечиште во кривопаланечко

Санирано свлечиште во кривопаланечко

Типографија

Завршија активностите за санација на големото свлечиште на патниот правец од градот Крива Паланка кон селото Дурачка Река. Од општината Крива Паланка се уверени дека со ова е постигнато трајно решение за овој долгогодишен проблем на локалните жители.

  • Големото свлечиште, кое претставуваше опасност за минувачите, оние кои сообраќаат на овој патен правец, туристите кои доаѓаат во овој крај, но и жителите кои имаат домови под самиот пат на делницата, е минато. По долгите испитувања на теренот, во консултација со надлежните служби, проблемот е решен со поставување габиони - вели градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

Вкупно се поставени 200 габиони на потег од околу 120 метри, во четири висински слоеви. Проектот го финансираше самата општина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS