mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Кампања „Климата се менува, од нас зависи“ во Виница

Кампања „Климата се менува, од нас зависи“ во Виница

Типографија

На градскиот плоштад во Виница денеска кампањата „Климата се менува, од нас зависи” во организација на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

Кампањата, која се одржува втора година по ред, покрај во Виница досега беше реализирана и во Пехчево и во Делчево, а до 22 октомври ќе биде реализирана и во општините Студеничани, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово и Ростуше и Теарце.

  • Жителите на Виница денеска имаа можност преку едукативни материјали, брошури и дискусии одблизу да се запознаат со климатските промени, нивните негативни ефекти врз животната средина, како и начините за нивно ублажување и адаптација кон истите преку промени во секојдневните навики на секој поединец. Се одржаа и филмски проекции и презентации на тема климатски промени за основците и средношколците од Виница, организирани од страна на младинците кои и оваа година беа дел од Младинскиот летен камп за климатски промени кој летово се одржа во Струга во рамки на истиот проект - изјави Радмила Славкова, проект менаџер.

Целта на овие активности, според Славкова, е да се поттикнат младите ефективно да дејствуваат во борбата против климатските промени и поттикнувањето на одржливиот развој на локално ниво. Дополнително, на Фејсбук фан страната и Истаграм профилот на „Милиеуконтакт Македонија“, младите учесници се вклучија во Фејсбук натпреварот за најдобра фотографија преку која ќе биде испратена главната порака на кампањата дека предизвиците од климатските промени се најголема закана за планетата и иднината на новите генерации. Тие го засегаат секој поединец и затоа секој од нас треба да биде дел од решението. На настанот во Виница беше и зелениот камион - уникатната еколошка училница на тркала, каде граѓаните се информираа за теми поврзани со климатските промени, глобалното затоплување, обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност, како и со методот на изработка на стратегиите за климатски промени на нивната општина во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени. Третиот настан на „Климата се менува, од нас зависи” треба да се одржи на 23 септември во Маврово и Ростуше.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS