mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Кумановско пошумени околу 200 хектари

Во Кумановско пошумени околу 200 хектари

Типографија

Екипите на кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“, интензивно два пати неделно ги пошумуваат  површините со различни зимзелени и листопадни садници на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Од почетокот на месецот до сега, соопшти ракводителот на подрачната единица, Ваит Саити пошумени се приближно двесте хектари, а до крајот на годината се очекува да се пошумат околу 300 хектари.

  • Садниците ги бираат нашите стручни инжинери, чемпрес, бор, согласно висината која се пошумува. На овој начин се обновува нашето богатство-шумите - вели Саити.
    Од 2010 досега,соопшти Саити  пошумена е површина од околу 2.500 хектари во трите општини

Тој додава дека непречено се одвива и испорака на огревно дрво за физичките лица. Информира дека досега испорачани се 80 проценти од предвидената количина на огревно дрво на субјектите со кои подружницата има склучено договор.

  • Останаа уште триста метри просторни кои ќе се испорачаат наредните денови,што зависи од временските услови - вели раководителот Саити додавајќи дека за трите општини годишно се испорачуваат над 50 илјади кубни метри дрва.

Тој потенцира дека подружницата е подготвена да обезбеди огревни дрва и за училиштата во трите општини.

Саити нагласи дека годинава кражбите на дрва во трите општини намалени се за 60 до 70 проценти во однос на претходните години, како што рече, благодарение на координираната активност на МВР, шумочуварите и сите служби кои меѓусебе соработуваат за заштита на шумското богатство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS