Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка ќе имплемент ира прекуграничен проект со Бугарија за еколошко пакување органска храна.
Еден од 45 -те проекти од првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија во рамки на ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка е и проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“ на Граѓанскиот центар за одржлив развој, ЕГРИ, од Крива Паланка.
Проектот ќе се имплементира со буџет од околу 78.000 евра во рамки на следните 15 месеци.
- Во рамки на проектот ќе се спроведат едукативни сесии за населението од Североисточниот плански регион во Македонија и Ќустендилска област во Бугарија за процесот на производство органска храна, обука за трансформирање од традиционален во органски еко-начин на пакување производи и ќе се врши педологија, мапирање на з емјиштето погодно за овој тип производство - информираат од ГЦОР „ЕГРИ“, Крива Паланка.
Предавањата и обуките ќе ги вршат професори и експерти од Факултет за земјоделство и храна, Скопје и Бугарски земјоделски факултет од Софија. Со проектот ќе биде изготвен и буквар од „Од нула до органско производство“ наменет за земјоделците, а предвидено е и роад-шоу за промоција на органско производство.
Договорот з а имплементација беше врачен на заменикот министер от за локална самоуправа, Љупчо Пренџов и бугарската заменичка министерка за регионален развој и јавни работи, Деница Николова .
Врачени се вкупно 45 договори во вредност од 10,5 милиони евра кои општините од Североисточниот, Источниот и Југоисточниот регион од Македонија ќе ги реализираат со партнер-општините од Бугарскиот пограничен регион. Петнаесет отсто од кофинансирањето за проектите од македонска страна го обезбедува Министерството за локална самоуправа .
Општина Крива Паланка ќе биде застапена со два проекти, покрај „ЕГРИ“, проект со европски средства ќе имплементира и Регионален центар з а соработка „СПЕКТАР“. Во Североисточниот плански регион на Македонија со првиот повик на ИПА се поддржани и проекти на општина Ранковце и општина Липково.