mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ветер од 90 километри на час во Пелагонија и Штипско

Ветер од 90 километри на час во Пелагонија и Штипско

Типографија

Засилен јужен ветер со брзина од околу 90 километри на час ги зафати Пелагонија и Штипско, соопшти УХМР.

Во западните и северните делови од Македонија е облачно со врнежи дожд кои на повеќе места беа обилни. Во јужните делови се задржа променливо облачно и топло време со засилен јужен ветер.

Облачно време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува до крајот на денот и во текот на ноќта. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Се очекува локално да наврнат околу 30 литри на метар квадратен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS