mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Холданскиот амбасадор Пломп во посета на Еко Герила во Тетово

Холданскиот амбасадор Пломп во посета на Еко Герила во Тетово

Типографија

Честитки за постигнатиот успех во случајот Југохром како и за активностите за животната средина, добија активистите на Еко Герила од амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Вилем Ваутер Пломп кој ги посети во канцелариите на организацијата во Тетово.

Од Еко Герила информираат дека Пломп изразил интерес за голем број други проблеми на граѓаните на Тетово во врска со загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и мерките и акциите кои Еко Герила се очекува да ги преземе во најблиска иднина.

На средбата се разговарало и за можностите за соработка меѓу Еко Герил и холандските институции и граѓанското општество на Кралството Холандија во областа на размена на информации, знаење и активизам.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS