mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ќе се гради регионална депонија во Свети Николе

Ќе се гради регионална депонија во Свети Николе

Типографија

Во рамките на проектот за изработка на студии за востоставување интегриран систем за управување со отпад на Источниот и Североисточниот плански регион, предложена е една заедничка локација каде што ќе се гради регионалната депонија, а според анализите, како најповолна локација е избрана Мечкуевци-Арбашанци во Општина Свети Николе.

Според Живка Михајлова, раководител на стручната служба на меѓуопштински одбор за управување со отпад, предложени се и осум претоварни станици во двата региони, кои биле прифатени од градоначалниците на ИПР со извесни забелешки  кои се однесуваат на дополнителни разработки на локациите, но градоначалниците побарале и интензивирање на процесот.

  • Во рамките на проектот за изработка на студии за воспоставување интегриран систем за управување со отпад Источниот и Североисточниот регион одлучија да одат со заедничка централна регионална депонија. За таа цел се предвидени  осум претоварни станици кои ќе служат отпадот со помали возила да се носи до претоварните станици, а потоа со големи возила до централната. Прва и основна цел е да се подобри животната средина, а овие претоварни станици ќе се одберат на локации, каде што нема да има негативни влијанија - вели Михајлова.

Таа додаде дека ќе се преземат мерки за елиминирање на негативните влијанија.

  • Освен  претоварање на отпадот ќе се изградат и зелени места за посебните отпади, како отпдот од батерии, акумулатор, а  ќе се прави и компоститање на отпадот,  бидејќи овој отпад не смее да се носи во регионалната депонија. Пресуден момент е финансискиот за да не се носи на големи релации. Според предлогот, претоварни станици ќе има во Берово, Македонска Каменица, Кочани, Штип, Ранковце, Пробиштип, Куманово и Свети Николе, при што се водеше сметка растојанието од централната депонија да не биде поголемо од 50 километри - додава Михајлова.

Општините процесот за интегрирано управување со отпад поддржан од ЕУ со 35 милиони евра го започнаа од 2009 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS