mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

До крајот на годината ќе почне изградбата на Конска брана

До крајот на годината ќе почне изградбата на Конска брана

Типографија

Турската компанија „Адалихолдинг“  е подготвена до крајот на годината да почне со изградба на Конска брана во Гевгелија.

Ова е договорено на средбата на градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов со заменик-директорот за енергетика на турската компанија „Адалихолдинг“ Ебубекир Туран, која беше избрана на тендер како изведувач на Конска брана.

Туран вели дека компанијата е подготвена за почеток на работите и оти се чека одобрение за градба.

  • На почетокот на декември целиот урбанистички проект ќе го претставиме во Гевгелија и веднаш ќе почнеме со изградбата на овој долгоочекуван капитален објект кој многу ќе ја промени економската, социјалната и туристичката слика на општина Гевгелија - вели Туран.

Тој го покани Франгов да биде гостин компанијата во Анталија, каде што ќе може да посети веќе изградена брана од „Адалхолдинг“ и да види какви бенефити има подрачјето каде што таа е изградена.

Франгов посака изградбата на Конска брана да почне што поскоро и во таа насока понуди секаква човечка и логистичка подршка на тимот од „Адалхолдинг“ кој во наредниот период ќе работи на реализацијата на најкапиталниот проект во општина Гевгелија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS