mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

3Д Екобус во Куманово и Гевгелија

3Д Екобус во Куманово и Гевгелија

Типографија

Во Куманово и Гевгелија во следниот период ќе се реализира проектот „3Д Екобус“ со кој  учениците преку забава, точни и потполни информации ќе формираат навики за правилно однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

Проектот им нуди на учениците 40-минутна 3Д интерактивна обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест со цел да се допре до свеста на младите за правилно селектирање на амбалажниот отпад и грижа за животната средина од најрана возраст.

Досега со проектот се опфатени над 38 илјади ученици и над 1.330 наставници од Скопје, Штип, Прилеп, Крушево, Тетово, Струмица, Охрид, Кавадарци и Битола.

Проектот „3Д Екобус“ што го спроведува „Пакомак“ ја доби Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во категоријата „Заштита на животната средина“ на изборот во 2015 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS