mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

За викендот релативно топло со врнежи од дожд

За викендот релативно топло со врнежи од дожд

Типографија

За време на викендот времето ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалуваат.

Од утре попладне од запад се очекуваат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата и ќе продолжат и во недела претпладне.

Од понеделник, под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник се очекува многу студено и ветровито време со провејување на снег и на пониските делови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS