Во Кочани во тек е јавната презентација и јавна анкета за Локална урбанистичко-планска документација за изградба на пречистителна станица за потребните на општина Кочани.
- Техничката документација за идната пречистителна станица е изработена од компанијата „БИЛД УРБАН“ ДООЕЛ Скопје и ќе се протега на површина од 11,91 хектари. Местоположбата на планскиот опфат е на околу 500 метри југозападно од село Мојанци, месноста викана Ормански ливади, катастарска општина Мојанци - вели градоначалникот Ратко Димитровски.
Јавната презентација и расправа ќе трае пет работни дена, а ќе се одржи во периодот од шести до 12 декември 2016 година.
Во овој законски рок, како што вели Димитровски, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје, опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови, во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда и од веб-страницата на општина Кочани или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам.
Во прилог на анкетните листови, потребно е да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.