mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Награден конкурс - Собирај за уметност

Награден конкурс - Собирај за уметност

Типографија

Користење на амбалажен отпад во уметноста и со тоа зголемување на свеста на луѓето за отпадот и поттикнувајќи ги на размислување како на креативен начин нешто старо и искористено да го претворат во нешто сосема поинакво, има за цел наградниот конкурс „Trash for art 2016“, што шеста година по ред го организира „Пакомак“.

Наградниот конкурс, како што информира организаторот, е отворен за возрасни и деца што ќе се натпреваруваат во три категории и тоа градинки, основни училишта и поединци и останати институции. Во секоја категорија за првопласираниот е предвидена награда од 30.000 денари, за второпласираниот 20.000 денари и 10.000 за третото место.

Споерд менаџерот за грижа на корисници во Пакомак Ико Брдароски, инспирацијата е секаде во опкружувањето.

  • Сакавме да ги поттикнеме учесниците дека со воља, вештини и сосема малку или воопшто никакви вложени финансиски средства може да креираат нешто конкретно, функционално и убаво, а притоа да освојат вредни награди и да го добијат статусот на еколошки-ангажиран уметник - вели Брдароски. 

Сите што сакаат да учествуваат во овогодинешниот „Trash for art 2016“ можат да ги пријават своите дела најдоцна до 20 декември во Конгресниот центар „Александар Македонски“ во Скопје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS