mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Општините Гевгелија и Пеонија ја продолжуваат соработката во проектот „Аква М“

Општините Гевгелија и Пеонија ја продолжуваат соработката во проектот „Аква М“

Типографија

Општините Пеонија и Гевгелија ќе ја продолжат успешната соработка во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија.

Во рамки на проектот „Аква М“ грчките партнери набавија лабораторија за мерење на квалитетот на водата за пиење која е инсталирана во комуналното претпријатие во Поликастро, а во општина Гевгелија беше изграден дел од одводниот канал „Рауљ“ и беше изработена студија за зафаќање на атмосферска вода.

Двете општини ќе ја продолжат соработката и во проектот „Аква М-2“ кој веќе ја има поминато втората фаза. Од општините велат дека бенефитите од проектите ќе ги почувствуваат граѓаните, а уште позначајно е што на овој начин како погранични општини даваат голем придонес за заштита на реката Вардар.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS