mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Делчевската населба Милково брдо доби атмосферската канализација

Делчевската населба Милково брдо доби атмосферската канализација

Типографија

Заврши изградбата на атмосферската канализација во делчевската населба Милково брдо која треба да ги превенира поплавите во овој дел од градот кои беа чести и при послаби врнежи.

Проектот беше избран како прв приоритет од граѓаните во рамки на Акцискиот план од Општинската стратегија за климатските промени. Тони Стоименовски, советник во ЛЕР во општина Делчево истакна дека градежните работи се завршени и дека останува делот за асфалтирање на улиците зафатени со проектот, посебно на улицата Питу Гули во населбата.

  • Вредноста на проектот е 5,5 милиони денари од кои 1,7 милиони денари е учество на општината, а останатите се обезбедени од УСАИД. Очекуваме дека со реализација на овој проект ќе се намали негативното влијание, ќе нема повеќе поплавување на домовите и шахти што вријат. Ова беше проект избран од граѓаните како прв приоритет - рече Стоименовски.

Инаку, Стратегијата за климатски промени за општина Делчево беше ставена на јавен увид пред граѓаните и заинитересираните институции.

  • Имавме подготвено формулари и добри дискусии од присутните што е согласно со европските директиви, а тоа е да ја консултираме јавноста и да го слушнеме гласот на јавноста и за проектите поврзани со Акцискиот план во самата Стратегија. Мислиме дека ја постигнавме целта, мислењата на граѓаните ќе бидат вградени во самот документ - додаде Стоименовски.

Општина Делчево ја работеше Стратегијата за климатски промени изминативе две години по иновативниот метод на Зелена агенда и со поддршка на Милеуконтакт Македонија и УСАИД.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS