mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ќе се стартува и ТЕЦ Осломеј

Ќе се стартува и ТЕЦ Осломеј

Типографија

Во тек се подготовки за старт на ТЕЦ Осломеј. За почетно пуштање на блокот се користат два помошни котла за продукција на пареа до производство на пареа од главниот котел, соопшти денеска подружницата „РЕК Осломеј“ на ЕЛЕМ.

За старт на помошните котли на ТЕЦ Осломеј, појаснуваат од компанијата, потребна е нафта, со која се загрева водата во котлите за производство на пареа. Оваа пареа, стои во соопштението, го грее мазутот во мазутна станица, до постигнување на потребната температура и потоа парните котли работат на мазут и произведуваат пареа за пуштачки операции на блокот.

  • Штом се создадат услови за потпала на блокот, се палат мазутните бренери со капацитет 1,5 тони на час, поединечно, за загревање на котелот, создавање пареа и постигнување параметри. Котелот е опремен со шест мазутни бренери кои работат со полн капацитет 6-8 часа за загревање на котелот. Потоа за да се постигне потребен притисок во котелот се вклучуваат млиновите еден по еден, а притоа треба да се исклучуваат мазутните бренери еден по еден - велат од подружницата.

Оттаму додаваат дека во нормална работа на блокот, што подразбира гарантиран квалитет на јагленот, исправност на млиновите и т.н операции за старт, до синхронизација, потребни се околу 12 часа. По синхронизацијата, до постигнувањето полна сила, работат мазутните бренери.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS