mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Нови снежни врнежи од среда

Нови снежни врнежи од среда

Типографија

Македонија од денеска ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни подрачја од дожд и снег.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од минус 3 до 4 степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS