mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Штетите од ниските темпeрaтури во земјоделството ќе се знаат напролет

Штетите од ниските темпeрaтури во земјоделството ќе се знаат напролет

Типографија

Најголем дел од овошките не се оштетени од ниските температури што ја зафатија Македонија, покажуваат теренските анализи на Министерството за земјоделство, но појасна слика за состојбите ќе има дури напролет.

Влијанието на студот и снежните врнежи врз земјоделството постојано се следи. Секојдневна е и комуникацијата со земјоделските здруженија. Според заменик-министерот Ванчо Костадиновски, снегот е добредојден за житните култури.

  • Во комуникација сме со сите земјоделски здруженија поради врнежите од снег и ниските температури. Се прават анализи за евентуални штети кај овошните култури, но особено будно се следи ситуацијата со топењето на снегот. Тоа е всушност дел од редовното чистење на речните корита, каналската мрежа и управувањето со акумулациите, а целта е да се елиминира секаква опасност од какво било излевање - истакна заменик-министерот.

Според него, од претходното искуство, свеста за последиците од обилни врнежи е на повисоко ниво и менаџирањето со ваквите состојби е во вистински раце.

  • Се надевам дека нема да имаме соочувања со негативни последици од топењето на снеговите, нивното влевање во речните корита и зголемувањето на нивото на водите во речните корита, па и во акумулациите бидејќи добро се следи состојбата. Снегот може само да обезбеди дополнителни количини вода. За тоа е неопходно нејзино правилно канализирање, да се насочи таму каде што е потребно, подвлече Костадиновски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS