mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Договор за соработка меѓу охридскиот хидробиолошки завод и музејот на езерото Бива

Договор за соработка меѓу охридскиот хидробиолошки завод и музејот на езерото Бива

Типографија

Директорите на Хидробиолошкиот завод во Охрид Елизабета Велјаноска - Сарафилоска и на Музејот на езерото Бива од Јапонија Тиро Шинохара потпишаа договор за соработка во научната област.

Договорот предвидува научни активности во насока на размена на позитивни искуства и практики, како и реализација на заеднички проекти на двете институции.

  • Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа и тоа во научно – истражувачката дејност и на ниво на музеи. Во делот на научно-истражувачката соработка ќе се вршат заеднички испитувања на реликтните видови и староста на езерата, додека музејската соработка музејската соработка предвидува претставување на Охридското Езеро во Музејот на езерото Бива со постојана поставка на фотографии на историски артефакти или реплики поврзани со животот на мештаните како чунови, јадици, мрежи, и други историски предмети поврзани со Охридското Езеро - истакна Велјаноска – Сарафилоска.

Директорот на Музејот на езерото Бива ги поздрави иницијативите на македонските институции насочени кон заштита на Охридското Езеро и животната средина во поширока смисла.

  • Сега кога е воспоставена оваа соработка, веќе имаме стартна позиција за активностите што се предвидени да се реализираат согласно договорот. Нашите очекувања се дека ќе се интензивира меѓусебната научно-истражувачка соработка - истакна Шинохара.

Дел од активностите предвидени со договорот се во насока на споделување на нивните искуства со македонските научни институции во насока на позитивните практики за заштита на езерата во Македонија и справување со актуелните проблеми.

Езерото Бива, исто како и Охридското Езеро, е природна реткост, старо милиони години со ендемски видови, од кое со вода за пиење се снабдуваат 14 милиони жители.

Што се однесува на актуелната состојба во која се наоѓа Охридското Езеро, Велјаноска – Карафилоска нагласи дека истражувањата што ги спроведува Институтот укажуваат на стабилна олиготрофна состојба и висока чистота на езерото, додека одредените појави на влошување на квалитетот на водата се повеќе инцидентни во однос на некои надворешни влијанија што не се континуирани за да можат да влијаат врз трофичката состојба односно квалитетот на водата во езерото.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS