mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ученици од Штип прогласени за амбасадори на природата

Ученици од Штип прогласени за амбасадори на природата

Типографија

Петтмина ученици од Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип се прогласени за амбасадори на природата во рамки на проектот „За зачување на природата“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Учениците со нивниот наставник по географија Виолета Иванова направија кампања како градот Штип да се заштити од шумски пожари, а нивниот проект е најдобро оценет од страна на тимот кој учествуваше во реализацијата на оваа проектна активност организирана од Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР).

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев вели дека општината им дава максимална поддршка за оваа кампања, бидејќи Штип не располага со големо шумско богатство, но она што го има на планините Плачковица и Серта треба да го зачува.

  • Овој проект ќе го поддржиме за децата да имаат висока еколошка свест. Потребно е уште во основното училиште да се развива таквата свест. Затоа морам да им честитам на професорите од ООУ „Гоце Делчев“ за максималната вложеност, иницијативност и посветеност да работат на тој проблем - вели Захариев.

Претставникот од Центарот за развој на ИПР, Александар Николов истакна дека проектот „За зачувување на природата“ ќе продолжи и во наредните четири години, а очекува од него да се обезбедат средства за реализирање на кампањата којашто ја изработија учениците од ООУ „Гоце Делчев“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS