mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Изградба на Снежен град на Попова Шапка од 20 февруари

Изградба на Снежен град на Попова Шапка од 20 февруари

Типографија

Детскиот културен центар „Карпош“ од Скопје од 20 до 25 февруари на Попова Шапка ќе ја организира традиционалната манифестација за деца „Снежен град“.

Од 25 февруари ќе организира и „Карван - Попова Шапка 2017“ -  еднодневни излети до Снежниот град.

Градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од Скопје, Гевгелија, Виница и од Тетово. Тие ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, со кој ДКЦ „Карпош“ соработува во организирањето на манифестацијата.

Снежниот град ќе биде отворен за посетители на 25 февруари во 11 часот, кога  ќе го претстават неговите градители и директорката на ДКЦ „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS