mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

УСАИД превенира урбани поплави во Делчево

УСАИД превенира урбани поплави во Делчево

Типографија

Делчевската населба Милково Брдо доби нова атмосферска канализација со што е намален ризикот од поплави кои можат да бидат предизвикани од екстремни временски појави.

Канализацијата се реализира преку Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени што го спроведува Милиеуконтакт Македонија. Станува збор за четиригодишна иницијатива, вредна 2,8 милиони американски долари, која го зајакнува капацитетот на општините да се подготват за и да ги адресираат  локалните предизвици кои произлегуваат од ефектите поврзани со климатските промени.

  • Во текот на изминатите четири години, работевме заедно со нашите партнери во Македонија на идентификување и ефективно управување со ризиците поврзани со промените на климата. Меѓу најопасните од овие ризици се оние поврзани со екстремни временски настани, вклучувајќи суши, топлотни бранови и силното невреме. Овде, во Делчево, во партнерство со УСАИД, работевте сите заедно да се ублажат овие ризици и да се зголеми отпорноста на вашата заедница. За овој пилот проект, УСАИД придонесе со 58.930 долари, а Општина Делчево придонесе со 30.978 долари - вели Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД.

Активностите на проектот, што ќе заврши на крајот на месецов, се фокусирани на десет општини и тоа Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово Ростуше, Боговиње, Студеничани, Виница, Прилеп и Делчево.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS