mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Општина Штип апелира да не се пали оган на отворено

Општина Штип апелира да не се пали оган на отворено

Типографија

Во источниот регион од државата деновиве изгореа околу 220 хектари борова и дабова шума.

Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов истакна дека поради сушниот период, палењето на стрништата во штипскиот регион се случија неколку пожари, меѓу кои и кај воениот полигон Пенуш, каде што изгореа 50 хектари дабова шума и ниска трева.

  • Поголемиот дел од пожарите според вработените во нашата Територијална противпожарна единица се подметнати од несовесни граѓани, а дел се резултат и на невнимателност, а за да можеме успешно да ги превенираме пожарите и да спречиме поголеми последици апелираме до граѓаните да внимаваат на отворено - вели Ристов.

Тој додава дека во текот на наредниот период престојат празници, кога граѓаните излегуваат на излети во природа и ги палат скарите. Затоа се надева дека граѓаните ќе го сфатат апелот добронамерно и заеднички ќе помогнат оваа пролет и лето да има помалку пожари на отворено.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS