mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Акција за собирање отпадни батерии во 25 основни училишта низ Македонија

Акција за собирање отпадни батерии во 25 основни училишта низ Македонија

Типографија

Компанијата Елколект почнува со акцијата за собирање отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Македонија.

Акцијата ќе трае до ноември, а опфатени ќе бидат Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца и Ново Село. Целта е да се поттикне создавањето добри навики кај децата уште во раната возраст и да се намали количеството отпадни батерии во животната средина.

  • Во соработка со училиштата,  подготвивме едукативно - информативен материјал и наменски еко-кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во нив учениците ќе ги оставаат отпадните батерии од нивните домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции (цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите) да ги загадат почвата, подземните или површинските води - информираат од Елколект.

Елколект е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Континуирано презема конкретни чекори за подигање на јавната свест, првично кај децата, за неопходноста од примарна селекција  на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад .

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS