mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Дванаесет пожари за еден ден во Куманово

Дванаесет пожари за еден ден во Куманово

Типографија

Територијалната противпожарна единица Куманово вчера интервенирала дванаесет пати на пожари во кои била зафатена сува трева и стрништа на различни локации во градот и во околината, информираше денеска командирот Дејан Илиевски.

Еден од пожарите бил регистриран и во напуштено лозје во село Љубодраг каде горела површина од околу 50 хектари. Пожарникарите на овој пожар интревенирирале од 19 до 23 часот.

  • Во текот на вчрешниот ден бележиме најголем број интервенции од почетокот на летото, но сепак во изминатите години за дванаесет часа сме имале и по 20-тина пожари. Искуството покажува дека во најголем број случаи човекот е причина за пожарите на отворен простор - изјави Илиевски.

Првите две интервенција ТППЕ ги бележи во 10 часот на градската депонија и кај поранешниот хотел „Ку-Ба“. Екипа на противпожарната единица интервенирала и на опожарено стрниште во кумановското село Речица, а околу пладне и во близина на авто школата во Куманово. Сува трева вчера горела и кај поранешната фабрика „Киро Фетак“ во приградската населба „Ајдучка Чешма. Во атарот на селото Речица, се интеревнерирало уште еднаш во текот на денот, во попладневните часови. Последните интервенции ТППЕ ги регистрира на Пчињски пат и во селото Костурник, каде горела сува трева и стрниште.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS