mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Мирно лето без поголеми шумски пожари во Делчево

Мирно лето без поголеми шумски пожари во Делчево

Типографија

Летово екипите на јавното претпријатие „Македонски шуми-Голак“ од Делчево во соработка со територијалните противпожари едници од Делчево и од Македонска Каменица, интервенирале на два помали шумски пожари со незначителна штета по шумското богатство.

Директорот на подружницата Јордан Димитровски информира дека станува збор за помали пожари во подножјето на Голак и во близина на селото Моштица во Македонска Каменица.

  • Тие беа предизвикани на пасишта, гореше сува трева, но интервенирано е на време и не се дозволи да се зафатат блиските шуми, така што штетите се незначителни, рече Димитровски.

Тој додаде дека оваа сезона во врска со шумските пожари може да се оцени како релативно мирна.

  • Претходните летни сезони имавме поголеми проблеми со шумските пожар, а најкатастрофална беше 2012 година кога кај селото Драмче изгореа околу 500 хектари шума. За овогодинешната мирна состјба со пожарите придонесоа и временските услови, честите врнежи, но се надевам дека проработи и свеста кај граѓаните. На ова мора да го додадам и фактот дека ние имаме зголемени мобилни екипи на терен кои вршат контрола, а од друга страна треба да се знае дека казните за лицата кои подметнуваат пожари се многу големи - рече Димитровски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS