mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Охрид и Воден ја зголемуваат соработката

Охрид и Воден ја зголемуваат соработката

Типографија

Градовите Охрид и Воден во Грција преку заедничка апликација пред европските инвестициски фондови обезбедија одредени средства за проекти, преку кои се гради рекреативно-пешачката патека од Охрид до Горица, а Факултетот за туризам и угостителство доби нова современа кујна.

Двете општини идната година заеднички ќе аплицираат и за дополнителни средства од ИПА фондовите преку кои е предвидена и изградба на ботаничка градина во Охрид, инфоцентар за туристите во градот и рекреативен парк над плажата Лабино на охридското Кале.

Во рамки на проектот „WaterNet“ што заеднички го реализираат двата града денеска во Охрид се одржа и работен состанок со учество на претставници на локланите самоуправи на двата града, како и на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Институтот за технолошки науки „Александар“ од Солун. На средбата беа презентирани и повеќе научни трудови за значењето на водата во повеќе области од човековото живеење, извршена беше гастрономска презентација на активностите на студентите на ФТУ, како и предавање за Охридскиот бисер.

Двете општини ги разгледуваат и можностите за унпредување на соработката во областа на туризмот, преку збогатување на својата понуда со прекугранични тури за гости со посета на двата града.

  • Има многу луѓе кои сакаат да ги посетат овие природни и светски познати заштитени природни убавини како Охридското Езеро, планинатата Галичица и секако природните извори, Преку соработка треба да се работи на зголемување на бројот грчки туристи што би го посетиле овој регион - изјави Евангелос Киријаку директор за туризам на Воден.

Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој на општината Охрид изрази уверување дека во најскоро време двата града ќе изработат пакет аранжмани кои што ќе ги нудат туристичките агенции, а во кои Охрид и Воден ќе бидат еден од главните места кои што треба да бидат посетени од страна на туристите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS