mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Најмногу дожд синоќа падна во Маврово и во Прилеп

Најмногу дожд синоќа падна во Маврово и во Прилеп

Типографија

Најмногу дожд вчера попладне е наврнат во Маврово и во Прилеп. Мерењата на УХМР покажуваат дека до 17 часот се наврнати 29 литри на квадратен метар во Маврово, а во Прилеп 25.

Понатаму, во Скопје наврнале 21 литар, Претор во 19, Охрид 18, Ѓуриште 10, Тополчани 9, Лазарополе 7, Берово и Пожаране 4, Крива Паланка и Штип 3 и Тетово и Битола 1 литар на квадратен метар.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Во претпладневните часови во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната темпратура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 29 степени.

За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе преовладува стабилно и топло време.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS