Подружницата Брегалница на Водостопанство Македонија денеска соопшти дека успешно ја завршила наводнителната сезона за полињата што ги опфаќа системот, во атарите на општините Виница, Кочани, Штип и Свети Николе.
Како што соопштија одговорните, сезоната завршила без проблеми и дефекти во системот.
- Годинешната наводнителна сезона можам да истакнам дека е мошне успешно завршена. Ги сумираме резултатите од терен и истите се повеќе од задоволителни. За прв пат наводнувањето го започнавме на 8 април со искористување на водите од реките Брегалница, Кочаснка, Зрновска и Оризарска, а од Хидросистемот водата беше пуштена по десниот магистрален канал на 20 април оваа година - изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.
Според Гоцев, на стартот на наводнителната сезона во акумулацијата Калиманци биле собрани 110,7 милиони кубни метри вода, а биле искористени 68,5 милиони кубни метри, што е во рамките на планираното за да се обезбедат со вода околу девет илјади хектари засадени со разновидни култури. , при што биле наводнувани 9.000 ха под разновидни кулктури. Во Калиманци за наредната сезона остануваат акумулирани 41,3 милиони кубни метри вода.
Во Водостопанство Брегалница од Кочани ја истакнуваат и успешната соработка со земјоделците од теренот со кои веќе се потпишани договори за користење на водата во текот на годината.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS