mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ќе се собира електричен отпад во Карпош

Ќе се собира електричен отпад во Карпош

Типографија

Општината Карпош и лиценцираната непрофитна организација „Нула Отпад“ ќе организира голема есенска еколошка акција за собирање на електронски и електричен отпад на територијата на локалната самоуправа.

Градоначалникот на општината Стевче Јакимовски појасни дека со оваа акција граѓаните на Карпош ќе можат да се ослободат од  непотребниот електронски отпад кој го чуваат во своите домаќинства.

  • Се работи за најразличен елетричен и електронски отпад, како што се електричните шпорети, расипани компјутери, машини за перење, фрижидери,  односно апарати кои се опасни по животната средина - истакна Јакимовски.

Акцијата ќе трае три дена односно на 28, 29 и 30 септември. Предметите кои се помали, граѓаните ќе можат да ги достават директно до секретарите на урбаните заедници, додека тие кои се потешки и поголеми, ќе бидат дислоцирани од домовите на граѓаните.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS