mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Санирано свлечиштето во Студеничани

Санирано свлечиштето во Студеничани

Типографија

Заврши регулацијата на коритото на реката Мериз во централното подрачје на селото Студеничани при што се изградени потпорни ѕидови од двете страни на реката.

Санирано е и нестабилното свлечиште во горниот дел на селото со примена на најсовремени методи за стабилизација и заштита од свлекување.

Како што информираат од УСАИД Македонија и Милеуконтакт Македонија, проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени им помогна на граѓаните на Студеничани да станат поотпорни на климатските промени при соочување со појави како поплави, ерозија и лизгање на земјиштето, како и да се избегнат можни материјални штети и човечки загуби во иднина.

За овој пилот проект УСАИД донираше 82 илјади долари, а општината учествуваше со 20 илјади долари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS