mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Исчистени 30 километри канали во општината Илинден

Исчистени 30 километри канали во општината Илинден

Типографија

Вкупно 30 километри од каналската мрежа во општината Илинден се исчистени од почетокот на годинава со акцијата што ја спроведува локалната самоуправа во соработка со Водостопанство „Скопско Поле“ и ЈКП „Илинден“.

Поради рамничарскиот терен во општината, се вели во соопштението оттаму, доаѓа до постојано покачување на нивото на подземните води, па затоа со редовното одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението. Поради ова, општинските власти истакнуваат дека чистењето на каналската мрежа им е еден од врвните приоритети.

Во рамките на реализацијата на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа во изминатиот период беше извршено машинско чистење на Главен канал-Горна зона низ населените места Марино, Кадино и Мралино, во должина од 3.500 метри. Извршено е машинско и рачно чистење на Сува Река во Миладиновци, во должина од 2.600 метри и машинско и рачно чистење на секундарен канал Азмак во Марино во должина од 2.000 метри. Во тек е чистење на сисавец Топлик во населба Илинден во должина од 1.600 метри и терцијален канал во должина од 400 метри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS