mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

За три години 2.886 центарци “на точак“

За три години 2.886 центарци “на точак“

Типографија

Вкупно 2.886 жители на општината Центар досега купиле велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“, со кој општинските власти им обезбедуваат на граѓаните субвенции за да го сменат начинот на превоз. Оваа акција се спроведува трета година по ред.

Според информациите на општината, годинава можноста ја искористиле 969 граѓани, минатата година тоа го сториле 1047, а во првата година биле купени 870 велосипеди. Бројот на мажи и жени заинтересирани за купување велосипед годинава речиси беше изедначен, 495 мажи и 474 жени.

  • Радува податокот што дел од овие велосипеди ќе ги возат најмладите жители на општината. За реализација на овој проект годинава од буџетот на општината Центар се одвоени 2,8 милиони денари. Целта е да се придонесе за заштита на животната средина и за намалување на сообраќајниот метеж во центарот на градот - велат од општината.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS