mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Тера Мадре: Храната е универзално право на секој човек

Тера Мадре: Храната е универзално право на секој човек

Типографија

Јадењето е заеднички јазик, универзално право на секој човек. Да ги поддржиме сите што произведуваат и приготвуваат храна по рецептите на своите предци, баби и дедовци, без да ги загадат околината, животната средина, поднебјето. Токму овие луѓе, земјоделците, се чувари на традицијата и биодиверзитетот, одраз на културата и вековното наследство.

Ова е една од главните пораки на годинашниот Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино.

Како што беше нагласено на отворањето, негувањето и грижата за почвата која овозможува производство на храна, треба да биде императив. Но, од фундаментално значење е и семето, како прва алка во ланецот на храната.

Саемот во фокус ги става и глобално актуелните теми - климатаските промени, заштитата на биодиверзитетот, мигрантската криза и заканата од исчезнувањето на пчелите. На прашањата поврзани со нив ќе одговараат и информираат експерти од реномирани универзитети. Ќе се отвори и дискусија на тема „Индустрија и земјоделство - не е ли доцна да се постигне хармонија“.

Водечкиот мотив на Салоне дел Густо овојпат е да се вкрстат храната, уметноста, историјата и традицијата. Дел од светската манифестација што се одржува низ улиците на Торино, по најубавите, најатрактивни места во градот и околината, како и покрај реката По, се земјоделци, рибари, занаетчии, сточари, готвачи, професори, потрошувачи.

Сите се согласни дека новите генерации треба почесто да ги оставаат своите автомобили, да ги исклучуваат компјутерите и да седнуваат на трпезата, уживајќи долго и бавно во нејзиното богатство, во вкусовите на природата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет