mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Еколозите бараат простор за нудисти во Париз

Еколозите бараат простор за нудисти во Париз

Типографија

Членовите на градскикот совет на Париз, Давид Белиар, Ана Сујри и Жером Глеизес изработија предлог за „можноста на отворено место ограничено во рамките на зелените површини или пешачките зони во Париз да се практикува натуризмот“.

За предлогот ќе се разговара во Советот на Париз во понеделник. Предложувачите наведуваат дека тоа е пракса во Минхен, во Барселона и во Берлин. Според нив, нудизмот исто така може да одговори на туристичката побарувачка.

  • Франција е светски дестинација за нудистите: два милиони Германци, Британци, Холанѓани или Белгијци доаѓаат во Франција за да практикуваат нудизам, посочуваат предлагачите.

За Жак Фримон, потпретстедател на здружението за промоцијата на натурзимот во слобода, првите добитници на еден таков проект ќе бидат парижаните.

  • Засега, практиката на натуризмот е резервирана само за оние кои имаат средства да одат во одморалишта или кампови. Но, многу луѓе не можат да одат, поради недостиг на финансиски средства и немаат место освен ако сакаат да стават костим за капење - посочи Фримон.

Во главниот град на Франција веќе има некои нудистички собири. Базенот Роже Ле Гал, во 12-от париски арондисман во Париз, се отвора три пати неделно навечер за нудисти и здруженија кои го приватизираат просторот за организирање на нудистички настани. За тоа се плаќаат  најмалку 20 евра по учесник и секој не може да си го дозволи тоа.

Здружението на нудистите веќе има идеи за местата резервирани за нив, ако предлогот на еколозите биде прифатен, покрај булоњската шума и Вансен кои се „белите дробови“ на Париз, тие размислуваат и за паркот Доменил, каде од 2019 година ќе биде можно и да се плива.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет