mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Над половина од метанот во САД доаѓа од големи загадувачи

Над половина од метанот во САД доаѓа од големи загадувачи

Типографија

Поголемиот дел од емисиите на метан во САД отпаѓаат на еден мал број компании за експлоатација на природен гас, кои се „супер-загадувачи“, покажало едно ново истражување.

  • Кога станува збор за истекувањето на природен гас, тука важи правилото 50/5, односно 5 отсто од истекувањата се одговорни за над 50 отсто од вкупното истечено количество - вели коавторот на студијата, Адам Брант, асистент-професор на Стенфорд школата за Земјата, енергија и за науки од областа на животната средина.

Овие наоди може да помогнат за да се развијат поефикасни стратегии за справување со емисиите на метан, со кои приоритетни за поправка би биле најголемите истекувања, смета брант. Ако компаниите се фокусираат на нив, би можело значително да се намали испуштањето на метан во атмосферата.

Природниот гас игра се поважна улога во енергетскиот сектор во светот, и се смета за „гориво за премостување“, бидејќи најмногу се употребува во земјите што преминуваат од фосилни на обновливи извори на енергија. Но овој гас е составен главно од метан, па дури и помалите истекувања предизвикуваат големи грижи за климатските промени. Метанот е моќен стакленички гас, кој е 30 пати поефикасен од јаглерод диоксидот во заробувањето на сончевата светлина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет