mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Глобалното затоплување ќе ја претвори јужна Европа во пустина

Глобалното затоплување ќе ја претвори јужна Европа во пустина

Типографија

Глобалното затоплување некои делови на јужна Европа до крајот на векот ќе ги претвори во пустина, тврдат научниците.

Просечната температура на овој регион порасна за околу 1,3 степени Целзиусови од крајот на 19 век, што е многу повеќе од светскиот просек (0,85 степени Целзиусови), покажа студијата на францускиот Универзитет во Марсеј.

Климатските промени предизивкани од човековото влијание најверојатно ќе ги промени екосистемите во Медитеранот и тоа во мерка без преседан во последните 10.000 години, освен ако владите на државите брзо не донесат одлука за намалување на емисиите на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, пишуваат истражувачите во списанието „Сајенс“.

Пустините можат да се прошират на југот на Шпанија, Португалија, во северните делови на Мароко, Алжир, Тунис, Сицилија, јужна Турција и во некои делови на Сирија, покажала студијата. Тоа целосно би ја изменило вегетацијата во реонот на Медитеранот и би ги уништило прочуените пињол борови, маслинките и бобинките.

Минатата година речиси 200 влади на национални држави во Париз се согласија да се ограничи растот на просечните температури на под два степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период, а во идеален случај да го спречат на 1,5 степени.

Само во тој „идеален случај“ медитеранскиот екосистем може да остане во границите во кои се наоѓа во последните 10.000 години, велат научниците кои стојат зад оваа студија.

  • Дебатата за намалување на емисиите на гасови е итна и поради многу чувствителните региони - тврди професорот Жоел Гијо од Универзитетот во Марсеј.

Тој со колегите го реконструирал изгледот на Медитеранот, проучувајќи ги слоевите на поленот во езерските мочуришта. На пример, поголем процент на дабов полен укажува на потопла и повлажна клима, додека поленот на елка и смрека укажува на постудени услови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет