mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Климатските промени влијаат на големината на ирвасите

Климатските промени влијаат на големината на ирвасите

Типографија

Ирвасите на островот Свалбард во Северниот леден океан се намалуваат, а научниците сметаат дека главна причина за тоа се климатските промени.

Научниците од Велика Британија и Норвешка на островот пронашле возрасен ирвас роден во 2010 година кој е полесен за 12 отсто во однос на ирвас роден во 1994 година.

Екологот Стив Албон од шкотскиот институт „Џејмс  Хатон“ наведува дека порастот на температурата во Северниот леден океан предизвикува повеќе врнежи на Свалбард и создавање на подебел слој на мраз кој ирвасите не можат да скршат во потрагата по храна.

Бројот на ирваси се зголемува поради топлите лета и поттикнување на конкуренцијата.

Албон и научниците сметаат дека постои поврзаност помеѓу порастот на температурата и големината на ирвасите, но дека е потребно да има повеќе истражувања за да се потврди оваа нивна теза.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет