mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Канада над 130 илјади потрошувачи се без струја поради ледени дождови

Во Канада над 130 илјади потрошувачи се без струја поради ледени дождови

Типографија

Над 130 илјади потрошувачи останаа без електрична енергија во канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска, поради ледените дождови што почнаа да врнат.

Според податоците на компанијата за електрична енергија „Ен Би Пауер“ во Њу Бранзвик поради прекинот на далеководот без струја останале 119 илјади домаќинства, фирми и продавници.

Итните служби работат деноноќно за отстранување на штетата предизвикана од лошите временски услови.

Откажани се или доцнат над стотици летови од аеродромите.

Локалната полиција соопшти за раст на сообраќајните несреќи на патиштата во провинцијата.

Според податоците на националното метеоролошко биро на Канада се очекува количината на врнежите во тој регион да достигне до 80 литри на метар квадратен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет