mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Црвен крст: Поради сушата во источна Африка гладуваат над 11 милиони лица

Црвен крст: Поради сушата во источна Африка гладуваат над 11 милиони лица

Типографија

Се потешка суша ги зафаќа африканските земји Сомалија, Етиопија и Кенија и поради тоа над 11 милиони лица гладуваат.

Ова го соопшти Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

  • Ситуацијата во регионот е најтешка од 2011 година кога само во Сомалија загинаа над четвртина милион лица - изјави регионалната директорка на  Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за Африка Фатумата Нафо-Траоре.

Според Федерацијата состојбата е најкритична во Сомалија, каде скоро 40 отсто од населението имаат потреба од хуманитарна помош, а во северниот дел веќе се регистрирани смртни случаи.

Фондацијата „Спасете ги децата“ соопшти, дека десетици илјади Сомалијци ги напушаат нивните домови за да бараат храна, вода и пасишта за животните, а камилите умираат.

Претходно ОН предупреди дека над шест милиони лица во Сомалија ќе се соочат со акутна потреба за храна.

Според  „Спасете ги децата“ околу 71 илјада деца веќе страдаат од многу тешка неухранетост и се со „ризик по животот“, а над 360 илјади деца под пет годишна возраст страдаат од сериозна неухранетост.

Во меѓувреме, Кенија страда од големи загуби на добиток, а во Етиопија ефектот на сушата се отежнува од прилов на луѓе кои бегаат од сушата во Сомалија, наведе Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Федерацијата повика да се соберат вкупно 13 милиони долари за трите земји, но во моментов се обезбедени само 22 отсто од сумата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет