mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Топлата вода во Пацификот виновна за поморот на морски птици

Топлата вода во Пацификот виновна за поморот на морски птици

Типографија

Стручњаците за пацифичките морски птици продолжуваат да истражуваат кои се причините за поморот на тенкоклуни пингвини минатата година, а доказите укажуваат на тоа дека виновник е загревањето на водата во северниот Пацифик.

Биологот Џон Пјат вели дека врз основа на птиците кои морето ги исфрлило на обалата, што е само мал дел од единките, се проценува дека вкупниот број на умрени птици е околу 500 илјади.

Официјалните лица од крајбрежјето имаат најдено шест илјади пингвини во Калифорнија, Орегон и Вашингтон и 46 илјади на Алјаска во текот на 2015 и почетокот на 2016 година.

Пингвините биле прегладнети и се претпоставува дека повеќето од нив се умрени на Алјаска затоа што не биле во состојба така слаби да се изборат со зимската олуја.

Тенкоклуните пингвини се хранат со ситна риба. Пјат вели дека поради топлата вода планктонот бил помал и имал помала хранлива вредност, што влијаело на популацијата на рибите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет