mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Наезда од гасеници им се заканува на посевите во јужна Африка

Наезда од гасеници им се заканува на посевите во јужна Африка

Типографија

Наезда од гасеници од видот Spodoptera frugiperda на југот на Африка достигна до библиски размери и може да се прошири и на останатиот дел од континентот.

Јужна Африка, Зимбабве, Малави и Замбија се некои од земјите во кои оваа гасеница со голема брзина ги уништува посевите со пченка, основна намирница во регионот.

Гасеницата која досега се покажала како неуништлива е нова закана за регионот кој веќе се бори со сушата која според ОН е најголема во последните три децении.

  • Не успеаа да ја контролираат затоа што постојано еволуира. Но мора да најдеме план како да ја контролираме. Особено не загрижува што оваа напаст ги погоди земјите што се главни произведувачи на пченка - вели Дејвид Фири, регионален координатор на ООН за храна и земјоделство.

Министерството за земјоделство на Јужна Африка соопштило дека не знае како оваа гасеница е дојдена во Африка, ниту пак какви ќе бидат долготрајните ефекти.

Освен пченката, гасеницата ги напаѓа и посевите од соја, кикирики и компири.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет