mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Турските власти предупредуваат дека се уште не се подготвени за голем земјотрес

Турските власти предупредуваат дека се уште не се подготвени за голем земјотрес

Типографија

Турција се уште не е подготвена за големиот земјотрес кој сеизмолозите зачестено и со голема загриженост го најавуваат во пределот на Истанбул, предупреди турскиот министер за животна средина и градежништво, Мехмет Осхасеки.

Изјавата на Осхасеки следи по неколкуте земјотреси со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала, што го погодија западното крајбрежје на Турција месецов и предизвикаа голема материјална штета.

Според научниците, Мраморното Море го очекува силен земјотрес наредниве 15 години. Секако, никој не знае кога точно тој ќе се случи.

  • Ако има земјотрес во Истанбул, тоа ќе биде катастрофа. Подготвени ли сме за тоа? Не сме - изјави Осхасеки.

Во Турција, земја што се наоѓа во сеизмички активен предел, се регистрирани неколку разорни потреси, меѓу кои и оној во округот Ван во 2011 година, кој однесе 600 животи, како и оној во областа на Истанбул во 1999, при што загинаа 17.000 луѓе.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет