Најмалку 50 лица загинаа во невреме кое го погоди Авганистан во претходните три дена вклучувајќи и 25 овчари, кои се сметаат на исчезнати, соопшти Националната агенција за катастрофи.
Меѓу загинатите има и 11 лица на кои им паднал покривот поради силниот дожд.
Лошото време ја отежнува испораката на хуманитарна помош, особено во оддалечените области.