mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

На шумите насекаде во светот им се заканува пресушување

На шумите насекаде во светот им се заканува пресушување

Типографија

Шумите насекаде во светот се под закана од пресушување поради долгорочните суши, покажало истражувањето на Универзитетот Стелинг.

Според оваа анализа, кон масовно изумирање на шумите може да придонесат и честото повторување и јачината на сушите.

Биле испитувани дрвја од различни места во светот, каде што изумирањето на дрвјата се поклопувало со екстремно сушни периоди.

Сара Гринвуд, научник од универзитетот, истакнала дека е очигледно дека пресушувањето на дрвјата во периоди без врнежи се повторува во различни области во светот, со различни климатски карактеристики.

  • Сеедно е дали дрвото расте во тропска или во умерена шума. Ако нема доволно вода, реагира исто, и неизбежно ќе настрада поради зголемувањето на температурите и промената на врнежите во светот - рекла таа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет