mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Лоша година за италијанските маслинки

Лоша година за италијанските маслинки

Типографија

Љубителите на италијанското маслиново масло треба да очекуваат дека оваа година цената ќе порасне за 20 отсто затоа што изминатата сезона била лоша за маслинките.

Комбинацијата од лошо време и нападот на паразити на југот од Европа го преполови производството на маслинки. Пораи тоа цената на мслинките на средината на февруари е дури и за 64 отсто повисока во споредба со мината година. Кога тоа ќе се пресмета во готовиот производ цената на маслиновоте масло би можела да поскапи за 15 до 20 отсто.

Цената на маслинките во Шпанија, која е најголем светски произведувач на маслинки, се повисоки за 10 отсто, иако приносот е сличен на минатогодишниот.

Маслинките во Италија минатата година биле погодени од дожд кој го оштетил плодот, а имало и многу мушички кои ги напаѓале и затоа бербата е направена порано, а тоа го намалува приносот.

Растот на цената на маслиновото масло е особено лошо за Италија затоа што Италијаните трошат 35 отсто од маслото во светот и затоа се на прво место, а по нив се Шпанците кои трошат околу 30 отсто.

На светскиот пазар не се очекува недостаток на маслинки иако потрошувачката е зголемена за 75 отсто во последните 25 години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет