mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ново тестирање на фолксвагените во Калифорнија

Ново тестирање на фолксвагените во Калифорнија

Типографија

Одборот за воздушни ресурси на Калифорнија и Фолксваген ќе тестираат нов хардвер и софтвер што би можел да ја спаси германската автомобилска компанија од обврската да повлече дури 475.000 дизел-автомобили што биле продадени во САД со неправилни контроли на загадувањето, открива Ројтерс.

Претседателката на одборот Мери Николс вели дека тие работат заедно со германската компанија да тестираат потенцијални начини како да се поправат автомобилите со дволитарски дизел мотори и со системи за контрола на загадувањето кои биле дизајнирани да работат само за време на владините проверки.

Фолксваген, успевајќи да издејствува одобрение од американските власти да ги поправа автомобилите наместо да ги откупи, се обидува да ја намали финансиската штета и нарушениот углед од скандалот со лажирањето на резултатите од емисиите на штетни гасови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет