mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Леопард во хотелска соба во Индија

Леопард во хотелска соба во Индија

Типографија

Брачна двојка, која престојувала во еден хотел во градот Наинтал во северна Индија, останале затечени кога леопард упаднал во нивната соба додека тие спиеле, соопштија денеска официјалните власти.

  • Сумит и Шивани Раторе ги разбудил звук од кршење на стакло, а набргу потоа виделе дека низ собата се движи леопард. Големата мачка скршила еден од прозорците, влегла во собата, па во бањата - соопшти претставник на локалната шумска полиција.

Сумит ја заклучил дивата ѕверка во бањата и веднаш ги повикал одговорните во хотелот. Оттаму веднаш повикале екипа од шумската полиција, но пред да дојдат до него, леопардот избегал преку вентилацијата во блиската шума.

Во Индија се чести случаите кога леопард или некое друго диво животно ќе залута во урбана средина. Притоа, се случува да има и повредени луѓе. Во февруари леопард упадна во училиште близу градот Бенгалор и повреди три лица пред да биде фатен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет