mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Тајфунот Нида го погоди Хонг Конг

Тајфунот Нида го погоди Хонг Конг

Типографија

Тихоокеанскиот тајфун Нида го погоди Хонг Конг и речиси го парализира животот во градот, јави ТАСС.

Поради тајфунот беа откажани стотици летови, затворени се повеќето трговски објекти, државни институции и канцеларии, како и берзата. Над 150 летови беа откажани.

Ветровите со брзина од 158 километри на час, придружени од поројни дождови го погодија градот.

Локалната опсерваторија прогласи осми степен на опасност на скалата од десет степени.

Засега нема информации за евентуални жртви, но властите предупредија за опасност од поплави и свлечишта во некои региони поради поројните дождови. Тајфунот синоќа го погоди и континеталниот дел на Кина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет