mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Биодиверзитетот е загрозен во половина свет

Биодиверзитетот е загрозен во половина свет

Типографија

Биолошката разновидност е под одржливите нивоа на половина од светската територија, покажало едно ново истражување.

Уништувањето на животната средина предизвикало толкаво намалување на бројот на различни видови растенија и животни, што некои екосистеми веќе не можат да функционираат, се вели во студијата. Сето тоа, според научниците, носи ризици за земјоделството и за човековото здравје.

Иако природната средина на животните главно се уништува за да се искористи земјиштето за земјоделско производство, според научниците, оваа пракса на долг рок негативно ќе се одрази врз обидите да се намали сиромаштијата во светот.

Во студијата се анализирале повеќе од 1,8 милиони извештаи од 39.123 локации на целата планета, и се утврдило дека биодиверзитетот паднал под одржливото ниво на 58,1 отсто од светската копнена територија. Минатата година беше усвоена процена според која ако една локација загуби 10 отсто од својата биолошка разновидност, веќе го поминала предупредувачкиот праг, и со тоа е загрозена можноста на тој екосистем да функционира правилно.

  • Загрижувачки е што користењето на земјиштето за потребите на човекот веќе предизвикало намалување на биодиверзитетот под безбедното ниво. Ако не најдеме начин да го вратиме, си играме еколошки рулет - вели професорот Енди Пурвис, еден од авторите на студијата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет