mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Паразит може да ги уништи бананите

Паразит може да ги уништи бананите

Типографија

Времињата кога во секое време од годината можеме да купиме банани во продавниците и на пазарите, наскоро би можеле да станат минато, бидејќи ова тропско овошје е нападнато од паразит, кој се заканува со целосно уништување на насадите, објави италијанскиот весник „Стампа“.

Весникот наведува дека масовната конзумација на бананите започнала во 19-от век, кога од дивите насади во Централна Америка е добиена една култивирана сорта на ова овошје, наречена „Гро Мишел“, која им се нуделе на потрошувачите ширум светот.

  • Но, како што често се случува кога се одгледува изобилство на генетички идентични култури, појавата на еден паразит може да има катестрофални последици по нив - наведува „Стампа“.

Така во 1920-тите години цели плантажи со сортата банани „Гро Мишел“ биле уништени од т.н. панамска болест, поради што во следните две децении бананите исчезнале од трпезите на европските и американските поторшувачи.

Во 1950-те години уништената сорта „Гро Мишел“ е заменета со нова култивирана сорта банани „Кеведиш“, чии плодови се помали и помалку слатки и миризливи, но поотпорни на габичните паразити. Денес на оваа сорта отпаѓа околу 99 проценти од вкупното производство на банани во светот.

Но, сега се појави нов паразит наречен „црна сигатока“, која ја уништува сортата „Кевендиш“. Паразитот во почетокот бил уништуван со постојани масовни дози на пестициди, што ги правеше бананите „Кевендиш“ едни од најтретираните земјоделски култури во светот. Меѓутоа, паразитот мутирал и станува отпорен на пестицидите.

Според агрономите, овој паразит би можел да уништи околу 50 проценти од овогодишната реколта на банани. Досега се уништени околу 10.000 хектари под насади со банани во Австралија, Азија и во Африка, а според експертите прашање на време е кога паразитот ќе се прошири и во Јужна и Средна Америка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет